Saturday, October 31, 2009

Did You Know 4.0



This is the Autumn 2009 edition of the famous 'Shift Happens' video.
It includes facts and stats focusing on the changing media landscape,
including convergence and technology, and was developed in partnership
with The Economist.
For more information, visit http://mediaconvergence.economist.com.

Friday, October 30, 2009

Една третина од пратениците во Македонија имаат „Фејсбук“





35 од вкупно 120 пратеници во Собранието на Република Македонија имаат свој профил на мрежата за интеракција „Фејсбук“ – покажа првото интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 23 – 29 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Некои статистики: Најголем број на Фејсбук профили – вкупно 17 – имаат пратениците од ПГ на ВМРО ДПМНЕ. Најголем број на Фејсбук пријатели има пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа го има максималниот број на дозволени пријатели – 5.000 вкупно. Второто место му припаѓа на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски со бројка од 3.181 Фејсбук пријатели. Третото место го делат пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети Деваја (1.806 пријатели) и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева (1.747 пријатели). Четвртото место во моментов го делат пратениците од СДСМ, Маринела Тушева (1.502 Фејсбук пријатели) и Јани Макрадули (1.493 Фејсбук пријатели). Петтото место по број на Фејсбук пријатели исто така се дели, но помеѓу пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО ДПМНЕ (1.132 пријатели) и пратеничката од СДСМ, Цветанка Инанова (1.083 пријатели). Уште еден податок – сите пратеници од Нова Демократија имаат свои Фејсбук профили.

Бројот на пратеници за кои друг има креирано група или страна за поддршка е уште помал и изнесува вкупно 15 страни.

Некои статистики: На топ листата на пратеници со најголем број на поддржувачи се наоѓа пратеникот и претседател на ДУИ, Али Ахмети со бројка од вкупно 2.266 поддржувачи. Веднаш зад него е пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска со бројка од 1.657 поддржувачи. Третото место е резервирано за пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска (1.443 поддржувачи) и пратеникот и претседател на Нова Демократија, Имер Селмани кој има вкупно 1.371 поддржувачи. На четврто место се наоѓа пратеникот Арбен Џафери со 1.198 поддржувачи на Фејсбук. Петтото место според бројот на Фејсбук поддржувачите му припадна на пратеникот од Сојузот на Ромите на Македонија со вкупен број од 1.050 поддржувачи.

Потсетуваме дека токму медиумите и нивната слобода се главната основа за оценувањето на (не)демократијата во една земја. Новите медиуми станаа незаменлив дел од медиумската сфера и се посебно корисни за директна комуникација на пратениците со граѓаните, а посебно со младите.

Граѓаните јавно или преку приватна порака на Фејсбук имаат директна можност на пратеникот да му го соопштат својот став по одредено прашање во нивниот делокруг на работа, но и да побараат решавање на некој свој проблем кој е во собраниската надлежност. Понатаму, граѓаните преку новите медиуми можат да иницираат низа на пратенички прашања до Владата на Република Македонија, што придонесува за приближување на политичкото владеење до изворот на власта – граѓаните на Република Македонија.


Почитувани,

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи ќе продолжи со истражувањата на тема „Демократија преку новите медиуми“ и редовно ќе Ве известува за резултатите и анализите на овие истражувања.


Со почит,

Институт за добро управување

И Евроатлантски перспективи

НАПОМЕНА: Сите податоци објавени во ова соопштение, содржат бројки и статистики заклучно со ден Четврток, 29. 10. 2009 година.



Creative Commons License
Содржината на овој блог е сопственост на Институтот за Добро Управување и Евроатлантски Перспективи- Скопје, Македонија. Ова дело е лиценцирано под условите нa Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 3.0 Unported License. Moжете да го користите под условите наведени во лиценцата, со задолжителен линк до авторот на македонската верзија.

Tuesday, October 27, 2009

Интернет Манифест


Како функционира новинарството денес. Седумнаесет точки (мислења).

Група од петнаесетина германски новинари и блогери активисти (погледнете го крајот на блогот) во 07/09 оваа година го објави Интернет-Манифестот на германски јазик. Се работи за иднината на online новинарството во 17 точки. Во моментот на пишување на овој блог, после само осум дена од неговото објавување, веќе е преведен на 15 јазици. Ова е неговиот превод на македонски јазик.

1. Интернетот е поинаков.

Интернетот произведува разни јавни сфери, различни услови на размена и ја пренесува вештината на различните култури. Наместо да ја игнорираат или предизвикуваат, медиумите мора да ги приспособат своите работни методи на денешната технолошка стварност. Нивната должност е врз основа на достапната технологија да развијат најдобар моќен облик на новинарство. Ова вклучува нови новинарски производи и методи.

2.Интернетот е џебно медиумско царство.

Web-от ја преуредува постоечката медиумска структура, совладувајќи ги нејзините поранешни граници и олигополи. Објавувањето и ширењето на медиумските содржини веќе не се поврзани со големи инвестиции. Новинарската самосвест, за среќа се лечи од својата “заштита со висок ѕид”. Се што ќе остане е квалитет на новинарството по кој новинарството се разликува од обичното објавување.

3. Интернетот е наше општество– нашето општество е интернетот.

Платформите базирани на Web, како што се социјалните мрежи, Википедија или YouTube станаа дел од секојдневниот живот за повеќето луѓе од западниот свет. Достапни се како телефонот или телевизијата. Ако медиумските куќи сакаат и понатаму да постојат, мораат да го разберат начинот на живот на денешните корисници и да ги прифатат нивните форми на комуникација. Тоа вклучува и основни облици на социјална комуникација: слушање и одговарање, исто така познати како дијалог.

4. Слободата на интернетот е неповредлива.

Отворената архитектура на интернетот претставува основен IT закон на Општеството кое комуницира дигитално, и како последица на тоа, закон на новинарството. Нема да биде модифициран поради заштита на посебните комерцијални и политички цели, честопати скриени зад лажните јавни интереси. Без оглед како тоа се прави, блокирањето на пристапот на интернет го загрозува слободниот проток на информации и го расипува нашето основно право, самостојно да го одредуваме нивото на информации.

5. Интернетот претставува победа на информацијата.

Заради несоодветната технологија, медиумските куќи, центрите за истражување, јавните установи и другите организации се до сега ги составувале и распределувале (определувале, класифицирале) светските информации. Денес секој граѓанин може да постави свој личен филтер на вести, додека пак пребарувачите влегуваат во неверојатното богатство на информации кои порано биле непознати. Денес поединците може да се информираат многу подобро отколку порано.

6. Интернетот го менува (подобрува) новинарството.

Со помош на интернетот, новинарството може да ја исполни својата дрштвено-образовна улога на нов начин. Тоа вклучува претствување на информациите како постојано променлив, непрекинат процес; губењето на непроменливоста на печатените медиуми е од корист. На тие кои сакаат да опстанат во тој нов свет на информации потребни им се нов идеализам, нови новинарски идеи и чувство на задоволство во искористувањето на овие нови можности.

7. Нетот бара (има потреба од) вмрежување.

Линковите се врски. Ние се знаеме еден со друг преку врски. Оние кои не ги користат, се исклучуваат себеси од социјалниот дискурс. Истото важи и за web страните на традиционалните медиумски куќи.

8. Линковите наградуваат, цитатите украсуваат.

Пребарувачите и агрегаторите го унапредуваат квалитетот на новинарството: тие ја поттикнуваат можноста на пронаоѓање на исклучителни содржини на долгорочна основа и со тоа се составен дел на новата, вмрежена јавна сфера. Референците ја сочинуваат самата култура на вмрежениот социјален дискурс низ линковите и цитатите, особено вклучувајќи ги оние кои се без одобрение или надоместок на поттикнувачот. Тие секако заслужуваат заштита.

9. Интернетот е ново место за политички дискурс.

Демократијата почива? на учеството и слободата на информации. Преносот на политичките расправи од традиционалните медиуми на интернет и ширењето на расправите вклучително активното учество на јавноста е една од новите задачи на новинарството.

10. Денес слобода на печатот значи слобода на мислењето.

Член 5 од германскиот Устав не ги опфаќа заштитните права на професиите или технички традиционалните работни модели. Интернетот ги подига технолошките граници помеѓу аматерите и професионалците. Тоа е причината зошто привилегијата на слободен печат мора да ја има секој кој може да придонесе за исполнувањето на новинарската должност. Говорејќи квалитативно, не би требало да се прави разлика (да се диференцира) меѓу платеното и неплатеното, туку помеѓу добро и лошо новинарство.

11. Повеќе значи повеќе – не постои нешто што се нарекува премногу информации.

Некогаш одамна, на институциите, како црквите, поважна им била власта отколку личната свест. Кога беа измислени машините за печатење, тие институции предупредуваа на нецензурирана поплава од информации. Од друга страна се наоѓаа писателите на памфлети, енциклопедисти и новинари кои докажале дека повеќе информации доведуваат до поголема слобода, како за поединците, така и за друштвото во целост. До ден денес, во тој поглед ништо се нема променето.

12. Традицијата не е работен модел.

Со новинарските содржини на интернет може да се заработат пари. Уште денес за тоа има многу примери. Сепак, бидејќи интернетот е конкурентен, работните модели мора да бидат прилагодени на структурата на нетот. Никој не би требало да се обидува да се сокрие од оваа основна адаптација по пат на создавање на услови кои се насочени на запазување на статус quo. На новинарството му е потребен отворен натпревар за најдобро решение на рефинансирање на интернетот, со храброст да се инвестира во разноврсни имплементации на овие решенија.

13. Авторските права стануваат граѓанска должност на интернет.

Авторските права се темел на организацијата на информации на интернет. Правата на создавачите да одлучуваат за видот и обемот на ширење на нивната содржина, важат и на нет. Во исто време, авторските права не смеат да бидат искористувани како лост поради осигурување на застарените залихи на механизам и не смеат да исклучуваат нови модели на дистрибуција или модели на лиценца. Сопственоста подразбира обврски.

14. Интернетот има многу валути.

Новинарските on-line услуги на финансирање по пат на оглас нудат содржини во замена за pull-ефект. Времето на читателите, гледачите или слушателите е драгоцено. Во новинарската индустрија, оваа корелација секогаш била едно од основните начела на финансирање. Треба да се направат и тестираат други облици на рефинансирање кои ќе бидат новинарски оправдани

15. Што е на нет – останува на нет.

Интернетот го подига новинарството на ново, поквалитетно ниво. Текстот, звукот и сликите кои се online, веќе не мора да бидат минливи. Тие остануваат достапни, така градејќи ја архивата на современата историја. Новинарството мора да го има предвид развојот на информации, неговото значење и грешки, односно мора да ги признае своите грешки и да ги исправи на транспарентен начин.

16. Квалитетот останува најголема доблест.

Интернетот ги разоткрива хомогените купови на производи. Само одличните, веродостојните и исклучителните нешта, ќе можат да обезбедат верна клиентела на долги патеки. Барањата на корисниците се зголемија. Тие барања новинарството мора да ги исполни и мора да се придржува до сопствените, редовно адатпирани начела.

17. Сите за сите.

Web-от создава инфраструктура за друштвена размена која е посупериорна од масовните медиуми на 20. век: кога се двоумите, “Википедија генерацијатае способна да ја процени веродостојноста на изворот, следејќи ги вестите до нивниот оригинален извор со истражување, проверка и проценка – самостојно или како дел од групен труд. Новинарите со професионална гордост кои не се подготвени да ги почитуваат овие вештини, не се сфаќаат сериозно од страна на корисниците на интернетот. И тоа со право. Интернетот овозможува директно да се комуницира со оние кои некогаш беа познати како приматели- читатели, слушатели и гледачи – и да се искористи нивното знаење. Не ни се потребни новинари кои знаат се, туку новинари кои комуницираат и истражуваат.

Автори на текстот: Маркус Бекедал, Мерцедес Бунц, Јулиус Ендерт, Џони Хојзлер, Томас Книвер, Саша Лобо, Робин Мејер-Лухт, Волфганг Михал, Штефан Ниггемајер, Катрин Пасиг, Јанко Ретгерс, Петер Шинк, Марио Зикстус, Петер Штавови, Фите Штегерс.


Превод на оригиналот од германски јазик е направен од In & Out Translation Center - Skopje, Macedonia

Creative Commons License
Содржината на овој блог е сопственост на Институтот за Добро Управување и Евроатлантски Перспективи- Скопје, Македонија. Ова дело е лиценцирано под условите нa Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 3.0 Unported License. Moжете да го користите под условите наведени во лиценцата, со задолжителен линк до авторот на македонската верзија.
 

By: Twitter Buttons